Украинец пријавил убиство за да ги принуди властите да му го исчистат снегот од улицата пред неговиот дом, пренесуваат тамошните медиуми. Жител од едно село во Украина пријавил дека го убил партнерот на мајка си.
Тој им објаснил дека ќе мора да го исчистат снегот за да може со полициските возила да стигнат до неговата куќа. Кога полицијата се пробила до неговиот дом, утврдиле дека станува збор за лажна пријава. Човекот што требало да биде мртов ги дочекал зачудено.
Украинецот им признал на полицијата дека дал лажна пријава затоа што сакал властите да си ја сработат својата работа и да го исчистат снегот пред неговиот дом. Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој сега би требало да плати глоба во висина од три евра.
Властите до ден-денес го немаат исчистено целосно снегот од целата улица пред неговиот дом.