(Видео) Само легна и глумеше дека е мртва, девојка успеа да се спаси од бесен бизон

Една девојка успеа да се спаси од бесниот бизон, кој ги нападна туристите во американскиот национален парк Јелоустон. Еден од туристите со мобилен ја сними девојката која мораше да се преправа дека е мртва за да се спаси од разгневеното животно.

За среќа, таа остана неповредена. На снимката се гледа како една двојка се шеташе низ паркот кога два бизона, без никаква причина, почнаа да трчаат кон нив. Бегајќи во паника, девојката се сопна и падна во моментот кога веќе немаше никакви шанси да му побегне на животното.

За среќа, другите туристи ѝ довикуваа да легне и да не се мрда. За изненадување, бизонот ѝ се доближи на девојката, но не ја повреди.

„Беше страшно, лудо. Девојката која можеше да настдрада беше од Њујорк, а живее во Монтана, така што знаеше како треба да се однесува во близина на животното“, вели девојката што го снимила видеото.

Официјалните лица од паркот нагласиле дека луѓето треба да држат растојание од најмалку 25 метри од сите животни.

„Бизоните знаат да бидат непредвидливи. Тоа е многу ризично. Може да изгледаат многу смирено и незаинтересирано и само за секунда да го променат однесувањето“, изјавила Рејчел Бејл од „Национал географик“.

 

 

 

Scroll to Top