(Видео) Спајдермен се возеше на кров на кола во Босна

На социјалните мрежи се шири снимка од маж облечен во костим на Спајдермен како се вози на кров на автомобил. Видеото е направено во Босна, на главната раскрсница во населбата Отока во Сараево.

Како што пренесуваат некои од медиумите не е реткост, особено младите, во овој дел од градот да прават опасни акробации и истите да ги споделуваат на социјалните мрежи.

Тоа се случува и меѓу возачите. Кршењето на сообраајните правила, меѓу кои и оние потешките, често се случуваат во главниот град на Босна. Одговорните велат дека на овој начин се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Scroll to Top