(Видео) Срби врзани со кабли возеле сноуборд на улиците во Чикаго

Делови од САД се погодени од леден бран и со снежни бури. Многу снег падна и во Чикаго.

Тројца млади дечки од Србија, кои веќе неколку години живеат таму, решиле да ја искористат ситуацијата и да бордаат на улиците во градот.

„Облековме скијачки јакни, врзавме два продолжни кабла на куката на автомобилот и бевме подготвени да се возиме. Првин поминавме низ споредните улици за да се загрееме”, изјави 31-годишниот Раша за српските медиуми додавајќи дека минувачите ги храбреле и навивале за нив.

Возеле така околу еден час, а потоа се појавиле трепкачи зад нив.

„Знаевме дека сме во неволја. Сепак, полицаецот беше многу учтив и низ насмевка нè праша: ‘Дали сте нормални?’ и нè испрати дома“, вели Раша.

Scroll to Top