Познатиот босански тиктокер Сермед Мактуф, го сруши рекордот во ресторан во Нови Пазар откако изеде 153 ќебапи. Со газдата Јонуз се договорил однапред дека ако ги изеде сите не мора да ги плати.
Јонуз му кажал дека рекордот во ресторанот бил поставен во 2007 година, кога еден маж изел 53 ќебапи.
„Што е тоа за мене. Ако рекордот е 53, ти ќе ми направиш 153 ќебапи, а јас ќе седнам напред да ме видат сите дека ќе ги изедам. Но, ако ги изедам ништо не плаќам“, рекол Мактуф кој рече дека вистинска мака му направиле последните три, но со крајни напори ги изел и нив. Ја оставил само пиперката.
@sermedmaktouf Koliko vi mozete cevapa pojesti? ☺️ #foryou #foryoupage #foru #forupage #fyp #fypシ #fypシ゚viral #balkan #bosna #srbija #hrvatska #crnagora #makedonija #slovenija #novipazar #kodjonuza ♬ original sound – Sermed Maktouf