(Видео) Жена која е зависна од брак, ја запросиле 28 пати, а се омажила 10 и вели дека нема намера тука да сопре

Монет е самохрана мајка и ѕвезда од американската серија која се емитува на TLC, „Зависна од брак“. Станува збор за реалистична емисија за нејзиниот љубовен живот и вечната потраба по мажи. Таа вели дека досега ја имале запросена 28 и дека се омажила 10 пати.

Пред секој брак била убедена дека го одбрана вистинскиот сопруг, но секој пат истиот ќе се растурел. Во серијата се чинело дека конечно го нашла својот совршен сопруг и дека врската со нејзиното момче Џон, ќе заврши со нов брак. Но, повторно сè се превртува наопаку.

Ќе дојде до конфликт, а потоа и до сериозен разговор за тоа што грешат во врската и дали воопшто имаат иднина пред себе. Џон ќе ја обвини дека е одговорна за неуспесите кои ги доживеала во минатите врски и ќе ѝ рече дека нема да успее сè додека не се позанимава со проблемот.

Монет во емисијата ќе му се налути и ќе се разделат, а Џон подоцна ќе ѝ признае дека била во право кога ја донела одлуката да се разделат. Монет вели дека нема намера да престане и дека ќе почне да си ја бара среќата и по 12 пат.

„Раскинувањето со Џон беше тешко и тажна сум затоа што сè уште го сакам, а кавгата која ни се случи само потврди дека тој не е вистинскиот избор за мене“, рече Монет и додаде дека многу е болно кога ќе доживее уште еден неуспех, особено во врска на која работела и вложувала многу.

Таа вели дека најмногу ја боли за оној кој најмногу ја сака и најмногу дава. Во моментов вели дека не го бара мажот број 12, но откако ќе поминат два месеци, најверојатно ќе продолжи во потрагата. Таа вели дека имала многу среќа во животот, затоа што кога нешто лошо ќе ѝ се случи, од тоа таа ќе најде и ќе извлече добро.

„Затоа сè уште се надевам дека еден ден ќе имам добар брак“, рече Монет.

Нејзината сестра Марси, која е во брак 28 години, исто така верува дека на крајот Монет ќе ја најде својата вистинска трајна љубов.

„Кога Монет се мажеше по втор и трет пат, не бев многу загрижена дека нешто не е во ред со неа. Но, кога стигна до бројката од девет и десет, рече дека најмногу на светот што сака е нејзината сестра да има среќна врска и брак како нејзиниот.

„Срцето ми се крши кога ја гледам како не успева во бракот. Таа заслужува да биде среќна и сакана“, вели Марси.

Нејзиниот прв сопруг и бил момчето од средношколо. Вториот ѝ бил една од двете големи животни љубови, па за него се омажила двапати, исто како и за нејзиниот шести сопруг. Деветиот сопруг, како што вели бил харизматичен, а по него била со маж кого го познавала од основно школо. Џон ѝ бил единаесетиот, но на крајот не се венчале.

„Точно е дека лесно се заљубувам, но не брзам кога ќе одлучам да се омажам. Досега ме имаат побарано 28 пати, но не секогаш се согласував“, рече Монет.

Scroll to Top