Лав и бик седат во кафеана и пијат. Во одреден момент, ѕвони мобилниот телефон на лавот. Му се јавува сопругата:
– „Ајде, врати се дома од таа кафеана, те чекам!“, на што лавот рекол:
– „Доаѓам драга, ќе бидам веднаш таму“.
И така, лавот отишол да ја плати сметката, да допие што останало во чашата и да си оди дома, а бикот рекол:
– „Да ме викаше жена ми дома додека сум излезен со другари, немаше да помине така. Ќе си останев тука“.
Лавот му одговорил:
– „Те разбирам пријателе, но мојата жена е лавица, а твојата е крава!”
Виц на денот: Лав и бик во кафеана
