Новогодишната ноќ е пред нас, а во шминката не постои подобар избор од светкавите кармини. Индустријата за убавина тоа добро го знае, па деновите за празници се пред нас, многу брендови претставија празнична колекција на шминки со кармини кои се посипани со „Сваровски“ кристали.
Disco Durst Nars
Овој кармин изгледа како да е од шеќер. Но всушност, сјајните честички воопшто нема да ги изгребат вашите усни. Напротив: карминот за усни се лизга многу меко и дава сјаен премаз.
Diorific Happy 2020 Dior
Култниот Диофорик кармин за усни во ограничено издание се одликува со кристалното „прскање“. Можете да изберете четири блескави нијанси како што е новогодишниот огномет: виолетовиот Дрим, корално-портокаловиот Шарм, црвениот Пешн и бледо розовиот Дилајт.
Rouge à Lèvres Lunaison Gucci
Од лесната рака на креативниот директор на брендот Гучи, Александар Микеле, стигаат две блескави нијанси на кармини. Ова е класичната Голди Ред и… авангардната тиркизна боја Феј Тиркиз. И двете се едноставно заслепувачки.
Starring You M.A.C
Овој кармин е од истоимената колекција на M.A.C. и е лесен за препознавање. Прво, ѕвездите се „изгравирани“ на површината. Второ, тој сјае како најсјајната ѕвезда – благодарение на сјајната површина.
Extreme Lip Spark Tom Ford
Вечниот провокатор Том Форд ја лансираше новата колекција кармини под мотото: Биди опасна (Be Badass). Ако не го разбирате наговестувањето, дозволете ни да ви објасниме: тоа значи дека со овој кармин би требало бесрамно да го заведете. Дури, формулата што ја содржи Лип Спарк е така дизајнирана што некои „кристали“ од карминот доаѓаат заедно со пигментот на усните, така што сигурно никој не може да им одолее.