(Видео) Тајните за убавина на Џиџи Хадид

Светскиот топ-модел Џиџи Хаџид заедно со магазинот Vogue споделија дел од тајните за убавина на манекенкава.

Џиџи сподели дел од производите и техниките што ги користи во периодот по бременоста и наједноставен начин за добро контурирање на лицето.

  • Еден од тајните трикови на Џиџи е за спуштените очни капаци и како да се решите од  нив со помош на шминка.

Ова е прашање што им пречи на многу жени. Спуштен очен капак го затвора окото, а шминката често само ја влошува ситуацијата. Еден погрешен потег и, наместо да се потенцираат очите, состојбата може да се влоши.

  • Тајната е во тушот за очи (или црн молив)

Лесен, природен и едноставен, а сепак модерен начин за истакнување на очите е токму трендот на smooky eyes (зачадени очи). Одговара на речиси  сите и е одличен начин да се реши проблемот: спуштени очни капаци затоа што нема остри линии, сè е една избледена целина. Тајната е во ајланот кој е нацртан со сенка во овој мејкап изглед.

Постапка:

На почетокот, потребно е да се нанесе основата, па пудрата и по потреба се користи и коректор.

По тоа, се засенчува капакот однадвор со посветла кафеава нијанса или бронзер. На внатрешниот дел, кон средината, може да се нанесе хајлајтер, како и под веѓите.

Во водната линија се става бела сенка или молив за да се отвори окото. Лесно се засенчува долниот капак со кафеава сенка или бронзер.

Scroll to Top