(Фото) Кралиците на Шпанија и Холандија елегантни во ист црвен фустан

Шпанската кралица Летиција и холандската кралица Максима редовно се наоѓаат многу високо на листите на најдобро облечени дами од кралските кругови.

Двете кралици секогаш предизвикуваат восхит во модниот свет, а познати се и по тоа што не се плашат од модни експерименти.

Двете кралици се појавиле во истиот фустан во црвена боја што го потпишува „Масимо Дути“.

   .

Кралицата Летиција секогаш е во женствен моден стил, кој ја истакнува нејзината вита фигура. За време на отворањето на изложба во Мадрид била забележана во впечатливиот фустан на „Масимо Дути“. Со црвениот фустан со долги ракави комбинирала капут на Каролина Херера и двобојни лакирани чевли на висока потпетица во истиот тон на црвена боја.

Кралицата Максима, голема љубителка на впечатливи дезени и ведри бои, истиот фустан го носеше во октомври лани, а го комбинирала со капут во истиот тон на црвена од брендот „Оскар дела Рента“ и со високи црвени чизми.

Scroll to Top