(Галерија) Стилот на Рејчел Грин од „Пријатели“ и денес е модна инспирација

Американската актерка, Џенифер Анистон, во серијата „Пријатели“, го игра ликот на Рејчел Грин, кој и денес е неисцрпна инспирација за многу модни комбинации. Од косата, преку ставот и држењето, па се до облеката.

Имавме прилика да ја видиме во пижами, во невестински фустан и во легендарниот минт фустан.

Стилот на Рејчел Грин е олицетворение на модата од 90-те години на дваесетиот век. Карирани парчиња, мини здолништа, кардигани, обични маички и фармерки.

Некои од најубавите секојдневни комбинации, на омилената дама од „Пријателите“, може да се добијат со комбинирање на многу едноставни парчиња облека, кои повеќето жени ги имаат во својот плакар.

  • Беж тренерки и обична бела маичка на кратки ракави

 

  • Црно бела кошула и црн блејзер

 

  • Црн фустан со минимален принт

 

  • Црна кошула на врзување и црн шорц

 

  • Фармерки и бела маичка

Scroll to Top