Македонски дизајнер ќе ги промовира своите креации онлајн со уште триесет европски брендови

Македонскиот моден дизајнер Драган Христов – LUDUS, заедно со уште триесет други брендови во Европа, во наредните шест месеци ќе ги претставува своите дизјани онлајн, преку проектот „Обединета мода“.

Со овој проект белгиските партнери на Моден викенд Скопје, MAD Home of Creators и Flanders DC, се обединија за да ги креациите на европските дизајнери на интернационалните купувачи и ќе организираат престижен дигитален шоу-рум од февруари до јули оваа година.

Тие направија избор на социјално свесни брендови кои имаат комерцијален потенцијал и пионерска улога во градењето одржлива иднина. Колекциите на избраните модни брендови се дизајнирани исклучиво со етички и еколошки материјали во нивното производство.

Македонскиот бренд LUDUS е избран како претставник од Балканот, заедно со дизајнерите Марија Кулусиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина .

LUDUS е бренд што создава креации од природни ткаенини, како памук, свила, лен, волна и рециклирана кожа, со минимум или без воопшто отпад во производниот циклус. Колекциите со дизајнерски потпис на Драган Христов се монохоматски, со минималистички изглед и скулптурални силуети.

 

Scroll to Top