Ако не сте ја избрале сè уште совршената комбинација за пречекот на Новата година, тогаш ова е вистинско време. Оваа година ни донесе многу трендови, а стилот од осумдесеттите и седумдесеттите пронајде место во најновите колекции на најпрестижните брендови. Кога дизајнерите ги комбинираат урбаните трендови со ретро модата, тогаш сè е дозволено… миди или мини здолништа, макси здолништа, широки пантолони, кошули со ѕвонести ракави…
Меѓутоа, кога е во прашање свечената новогодишна вечер, дизајнерите и инфлуенсерите едноставно се сложуваат дека е пожелно целата облека да биде покриена со фини светки. Оваа сезона во тренд се мини фустани со светки во црвена, зелена, црна или сина боја. Класичната сина е избрана за главна боја во 2020 година, па затоа е пожелно оваа нијанса да ја изберете за влез во новата ера.
Доколку сепак сакате класика, сребрените и златни фустани се секогаш одличен избор. Надополнете ја својата комбинација со убави чевли со висока потпетица и спремни сте за најлудата ноќ во годината.
Видете ги инспиративните предлози: