Наместо оригинална креација од македонски дизајнер, режисерката Тамара избра изнајмен фустан од њујоршки креатор

Наместо во фустан на модната креаторка Тања Кокев, како што претходно било договорено, режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска, се одлучи да носи фустан од дизајнерот Марк Боуер од Њујорк на вчерашното доделување на Оскарите. Фустанот со асиметрични ракави во боја на слива е изработен од креп жерсе.

Откако Тамара вчеравечер се појави на црвениот тепих, почна на големо да се зборува зошто  таа избра да носи изнајмен фустан, наместо креација од македонски дизајнер и зошто само таа од екипата на „Медена земја“ реши да не носи оригинална креација од Кокев. За Тамара специјално се креираше раскошен фустан, но сепак на крај, таа се реши  за њујрошки дизајнер.

 

Дизајнерката Тања Кокев не сакаше да коментира ништо за ова.  Но, таа вчера на својот фејсбук-профил напиша само: „Со нетрпение го очекувам црвениот килим и мојата омилена Атиџе во ‘Кокев’. Ви благодарам на безрезервната доверба медењаци што ми дозволивте да ве стокмам. Тамара Котевска сепак се одлучи за дизајн кој не е креација на ‘Кокев’. Ви ја посакувам сета среќа на светов и вратете ни се со Оскар“.

По ова следеа низа коментари дека се забележувало дека фустанот на Тамара не личи на стилот на Кокев.

А. Георгиев

 

 

Scroll to Top