Барбара, ќерката на некогашната водителка Мелита Ракичевиќ, ја сними првата песна „Посилно од сè“ и ќе ја промовира вечерва на „Јутјуб“. Песната е ја напиша Андријана Јаневска, а снимена е во студиото „Гиновски мјузик“. Барбара за песната сними и спот со режисерот Зоран Стојановски – Зонде.
Иако е ова нејзина прва песна, Барбара и мајка ѝ во минатото на социјалните мрежи често споделуваа видеа на кои Барбара пее, па уште тогаш пријателите ѝ коментираа дека мора да сними песна и дека пее преубаво. Пред да ја сними песната, Барбара кусо беше водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“