Пред 13 години на концертот на Градски поп-ѕвездата Тоше Проески ѝ рече на многубројната публика: „Се надевам дека на следниот концерт, кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот од стадионот“ . За жал, тој немаше можност да одржи уште еден концерт. Само по 11 дена трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, на патот кон Хрватска, во местото Нова Градишка.
Концертот во Скопје беше со хуманитарен карактер и поддржан од УСАИД, под мотото „Образованието е одговорност на сите“, а средствата кои беа собрани од билтите кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Едно од училишта кои беа обновени беше и ‘Никола Карев’ во Крушево, основното училиште каде што учеше Тоше. На својот последен концерт тој имаше во себе неверојатна енергија, во публиката владееше неповторлива атмосфера…. „Сликајте ме со ѕвезденото небо“, рече поп- ѕвездата. Илјадници телефони и запалки кои светеа од публиката не знаеја дека го прават ѕвезденото небо пред него за последен пат.