(Фото) Антонио Милошоски ги пушти ќерките во градинка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, се пофали дека неговите ќерки Дариа и Михаела денеска тргнаа во градинка. Тој на „Фејбук“ објави слика од првиот ден, а на девојчињата им посака среќа во градинката.

„Почнуваме во градинка. За почеток насмеани. Дариа и Михаела заедно со другарките ќе ги учат првите букви, песнички, но и тоа дека треба да го почитуваат авторитетот на учителките“, напиша тој.

За потсетување, Антонио Милошоски има пет деца: ќерките Дариа (4), Михаела (2) и Илина (1), и синовите Давид (12) и Филип, кој се роди во април оваа година.

 

Scroll to Top