(Фото) Лила го запали Дубаи, па и шекиот, кој ѝ е до под градите

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска е во Дубаи. Таа објави фотографии во костим за капење и уште еднаш покажа дека и на 50 години одлично се држи.

„Секогаш ми е лето, дури и кога е зима. Можеби затоа што сум сега во Дубаи“, напиша таа на социјалните мрежи. Лила се пофали и дека го посетила и најголемиот аквариум, па и од таму сподели фотографии.

Дека секогаш ја изненадува јавноста покажува и нејзината фотографија со шеикот, кој ѝ е до под градите, и кој ја сподели нивната заедничка фотографија. Таа на шега напиша дека ова е бакарот, од нејзината „Сѐ или ништо“.

Scroll to Top