Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со својот син дојде во Зоолошката градина за да ја поддржи кампањата „За здрави и среќни животни“.
Цароска , го израдува синот, со кого најдолго се задржа кај двете жирафи кои изминатиов период се вистински хит, затоа што лесно може да ги нахраните, но не со храна, која е забранета, туку само со лисја од багрем. Во недела во Зоолошката се спрема голема забава за доаѓањаето на двата слона, кои ќе бидат нови жители во Зоолошката.