Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска објави слика од нејзиниот татко Сашо кој на 70 години се искачи на Кораб.
„Горда ќерка на млад и неуморен 70-годишник! Браво за новото освојување на Кораб“, напиша таа покрај фотографијата што ја објави на својата официјална фан-страна на „Фејсбук“.
Шеќеринска откако стана министерка за одбрана, често споделува фотографии на својот фејсабук-профил, но не само од она што го работи, туку и приватни. Така неодамна сподели слика од роденденот на ќерката Ада која ја има од бракот со бизнисменот Бобо Дајнерс со кого се омажи во 2006 година.