(Фото) Зоран Ванев се пофали: Син ми е меѓу најдобрите ракометни стрелци во Цирих

Некогашниот македонски пејач Зоран Ванев долги години живее во Швајцарија и се занимава со медицина. Но ретко кој знае дека неговиот син Ник Ванев е успешен ракометар во клубот  Аmicita  од Цирих. Ник Ванев долго време тренира ракомет и е најдобар стрелец во клубот во којшто игра, па неговиот татко на  „Фејсбук“ објави неколку фотографии од синот и напиша дека е најдобар стрелец. Зоран повеќе од 20 години е брак со Лидија.За потсетување, тој замина одамна во Швајцарија, а кај нас беше познат фолк-пејач.

Денес се занимава со медицина. „Се занимавам со лекување на сите видови болести без ограничување. Има болести за кои според швајцарскиот закон мора да сум во комуникација со доктори и специјалисти од школската медицина (како на пример оперативни интервенции или инфекциски заболувања), има болести за кои имам потполна ингеренција. Што значи дека мора да се запазат сите принципи на законска регулатива за крајниот ефект да биде неприкосновен’’, вели  Ванев.

Scroll to Top