Ексминистерот за земјоделие и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, и неговата сопруга Андријана, вчера направија голема свадба во хотелот „Александар Палас“. Освен роднините и пријателите, на свадбата дојде и целиот политички врв на СДСМ, од претседателот на партијата Зоран Заев со сопругата Зорица, до министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и заменик министерот Кирил Колемишевски.
Свадбата на Љупчо и Андријана била весела. Гостите играле цела вечер, а Заев повел и оро, ни раскажаа гостите. Играорците од „Танец“ го играле „Тешкото“. Невестата носеше бел елегантен фустан, а ексминистерот црн класичен костум со вратоврска-пеперутка.
Ексминистерот неодамна за „Репортер“ изјави дека свадба ќе прават годинава, откако со Андријана се венчаа лани во октомври во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Двојката е по потекло од Крива Паланка. Таму и започнала нивната љубовна призкана. По неколку години двојката ја раскинала долгата врска, а Андријана заминала во Словенија. Таа таму работи во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. По неколку години откатао се разделиле, тие случајно се сретнале, па ја обновиле врската. Николовски ја запроси Андријана лани, во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море.
Фото: Фејсбук/Инстаграм