Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, мораше сам да ја коси тревата на локалниот стадион, оти никој од клубот не се појавил на договорената кација. Тој и јавно се пожали од „дечките од клубот“.
“Со дечките од Клубот бевме се договориле попладнево да го досредиме игралиштето за утрешниот натпревар со ФК Црно Буки. За жал, во договореното време никој не дојде. Сам ја средив работата со тримерот. Не жалам за изгубеното време, за нешто повеќе од час и половина“, вели градоначалникот на Дебарца и додава дека косењето му помогнало драстично да си го намали адреналинот и негативната енергија.
„За однесувањето на дечките не би сакал да коментирам. Мислам дека одите по погрешен пат. Вратете се назад. А јас, ќе продолжам да го поддржувам спортот. И ќе бидам упорен во тоа.
Само спортот може да изгради здрави индивидуи“, вели Ногачевски.