Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, стана татко

Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов, стана татко. Тој на „Фејсбук“ објави дека е пресреќен бидејќи дека неговата сопруга родила син. Мајката и бебето се чувствуваат одлично.

„Денеска е преубав ден за мене, мојата сопруга и за мојата фамилија. Денес добив син! Благодарност до мојот другар Д-р Јосиф Ѓорески-Јоже, кој беше со нас од почеток“, напиша тој.

Д-р Николов неодамна беше избран за градоаначалник на Штип, откако од оваа функција замина Благој Бочварски. Тој претходно работеше како интервентен кардиолог во штипската Клиничка болница.

Scroll to Top