Ја одбрав „Ти“ за на Евросонг зашто е најдобрата песна за мене

Пејачот Васил Гарванлиев и МРТ, вчера објавија дека ја избрале песната што ќе ја претставува Македонија на годинашниот Евросонг во Ротердам, Холандија. Станува збор за песната You, на авторите Невенка и Калина Нешкоски и Алис Шредер, инаку долгогодишни пријателки на Васил од времето кога тој живееше во Америка.

„Мило ми е што има женска енергија во песната. Со сестрите Нешовски се познавам одамна, а Невена беше меѓу првите што ми се јави да ми честита кога ме избраа за евровизиски претставник. Таа и тогаш ме праша каква песна би сакал да пеам. Па кога меѓу сите песни што стигнаа на конкурсот ја слушнав You, знаев дека е тоа е вистинската песна за мене“, ни раскажа Васил.

Васил со Наевенка и Калина Нешоски

Тој вели дека веќе наголемо се подготвува за Евровизија – се спрема за снимањето на спотот, вежба, дава изјави и интервјуа и почнува да го живее евровисискиот сон. Ни откри дека песната е во фаза на подготовка и дека се работи на финалниот звук. Не крие дека и самиот напишал неколку песни, заедно со неговите соработници, но дека на крајот целиот тим решил You да биде песната што ќе ја пее, оти носи силна порака. 

„Кога е професионалноста во прашање, егото го тргам на страна. Не сакав да пеам моја песна по секоја цена. Стигнаа навистина многу песни на конкурсот што го објави МРТ, и од домашни и од странски автори. Но, оваа ми остави посебен впечаток и едвај чекам да ја чуете“, додаде Васил, кој беше вчера на концертот на Данијела Мартиновиќ во Скопје.

Инаку, музиката за You ја напиша Невена и таа е автор на текстот заедно со нејзината сестра Калина и колешката од „Беркли“, Алис Шредер. Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Таа има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на USA Songwriting Competition. Заедно со сестра ѝ Калина се креатори на музичкиот цртан „Дарко Биберко“.

(А.Ј)

(Галерија) Васил Гарванлиев уживаше во концертот на Данијела Мартиновиќ

Scroll to Top