Една од најпознатите македонски манекенки, Светлана Црнокрак, на Фејсбук објави слика стара 27 години на која носи црн фустан, и слика направена неодамна на која нејзината ќерка Моника е облечена во истиот фустан. На првата слика Светле е на почетокот на кариерата, кога имала 19 години, а на втората Моника го носи фустанот на свои 24 години и ги имитира позите на мајка си.
„Каква мајка, таква ќерка“, „Светле биди горда, си родила две убавици“, ѝ коментираат пријателите на фотографиите.
Светлана, која е 25 години во брак со Мики Црнокрак, освен Моника, ја има и ќерката Нина (11). Моника од пред неколку години се бави со манекенство и веќе освои неколку титули за убавина. Таа неодамна дипломираше на Економскиот факултет.