Кире Лазаров крунисан во крал на испраќањето од Нант

By

Клубот Нант му приреди кралско испраќање на Кире Лазаров, кој пред два дена кажа дека ја завршува играчката кариера. По завршувањето на вчерашниот натпревар со Тулуз од клубот го седнаа на престол и му ставија круна на главата. Лазаров беше крунисан во присуство на семејството, а доби и стоечки овации од публиката. Над 6.000 илјади гледачите во полната сала ракоплескаа и во негова чест ставија мали круни на главата.

dobivaj vesti na viber
Кире Лазаров е еден од најдобрите играчи во историјата на ракометот и одигра пет сезони во дресот на Нант. Тој ќе го одигра последниот меч во кариерата в сабота, против ПСЖ во финалето на францускиот куп.
Фото:  Фејсбук Нант

Ќе ви се допадне