„Најдоброто“ од Влатко и необјавени песни, наскоро во чест на починатиот пејач

 

Веќе подолго време се подготвува цеде со песни  „Најдобро од Влатко“, а потоа во план е да се објават и неговите досега необјавени песни. Станува збор за песни од  Кристијан Габровски, Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова,  кои требаше Влатко да ги објави на новиот албум, но, за жал, не успеа. На албумот ќе има бонус песни, „Не желиш крај“ од „Дивље јагоде“ и песна што ја сними со „Генерација 5“ – „Најјачи“.

Популарниот македонски пејач и глумец Влатко Илиевски почина на  6 јули 2018 година. Од 7 март на неговиот јутјуб-канал, за кој се грижи младиот Марко Шипка, постојано се дополнува, а освен неговите најголеми хитови, поставени се и четирите солистички концерти на Влатко во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во МОБ и два што се одржаа во Универзалната сала, плус настапите со групата „Морал“, каде почна да пее на 17 години. Тука е и неговиот  последниот настап во живо настап, кој го имаше со момците од бендот, на промоцијата на новиот албум „Кофеин блуз“.

Scroll to Top