Актерката и активистка Ирена Ристиќ објасни зошто и како синоќа била приведена од полицијата и однесена во психијатриската болница во Бардовци. Вели дека причина за приведувањето е тоа што пред Влада ги метела догорчињата од цигари. Вели дека едвај ѝ дозволиле адвокат.
„Противправно бев приведена. Не добив одговор на ниту едно од многуте прашања. Зошто ме пикаат во комбе? Што згрешив? Зошто не смеам да ги метам догорчињата покрај Влада? По слободна проценка, до оградата имаше фрлени догорчиња за 54 илјади и седумстотини евра во казна. Таков и толку скап тепих од догорчиња имаат исткаено оние кои тоа најмалку смеат да си го дозволат. Нормално, тоа им го кажав. И така почна. Ме пикнаа во комбето кое во секунда се создаде пред Влада, ме развезуваа од ‘Беко’ до ‘Бардовци’ и назад и ме тормозеа како кај мене да се петте украдени милијарди и решенијата на сите нивни приватни и професионални проблеми“, раскажува Ристиќ. И додава дека ниту еден од полицајците не се легитимирал или претставил. И додава: „А уште помалку некој најде за потребно да објасни зошто сум така третирана. Се изредија десетина. И мажи и жени. Сите до еден беа груби и некултурни. Ми се обраќаа со ‘ма’ и ‘мори’. Гласно ме пцуеја! Пичка ти матер! Правеа влези-излези низ вратата барајќи чаре за ‘лудата’ глумица“, раскажува актерката на својот фејсбук-профил. Таа вели дека не попуштила ниту под притисок или закана.
„Ги барав своите права. Барав адвокат пред да кажам што било. Многу филмови гледаш, ми рекоа“, раскажува актерката.
Подоцна се слушнала со адвокатот Јанаки, односно по три часа, откако ѝ дозволиле. „Ми даваа да потпишам празен лист. Строгите погледи, наперченоста, износените униформи, распаднатата станица, неупатеноста во процедурите и импровизациите со истите, простачкото обраќање, портокаловите и виолетовите ноктишта на полицајките, муабетчињата за мене како да не сум тука и меѓу нив и со докторот (Љ. Ј.) во Бардовци“, раскажува актерката.
Ѓубретарке една, Џике вработена во Комунална се скара со Ирена Ристиќ