Почина Ѕинго, Фудбалската федерација емотивно се прости од него

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК „Силекс“ и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пишува на официјалниот профил на Фудбалската репрезентација на Македонија.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот што тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли сѐ со вас“, напиша Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.

Ѕинго долги години беше дел од политичкиот живот во земјава како член и поранешен претседател на СПМ.

 

Scroll to Top