Се жени градоначалникот Саша Богдановиќ, свадбата ќе биде на Косово

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и неговата девојка Јелена Брауновиќ ќе се венчаат викендов во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница, Косово. Веста за венчавката за „Репортер“ ја потврдија и нивни блиски пријатели, кои ќе бидат гости на свадбата. Тие ни рекоа дека Саша и Јелена се знаат одамна, но дека се заедно околу една година и дека се многу среќни и заљубени.

„Тие ќе се венчаат на Косово затоа што таму се запознале. Ќе прават црковна венчавка, па ќе има и ручек за најблиските во ресторан. Саша и Јелена планираат да склучат граѓански брак во Скопје понатаму, а тогаш ќе направат и мала свадба, ама дури откако ќе се смири ситуацијата со короната“, ни открија нивните пријатели.

Инаку, Јована е наставничка во ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје.

А.Ј

Scroll to Top