(Видео) Кристина Димитријевска жешка заведува во новиот спот

Манекенката Кристина Димитријевска има нова песна, „Амнезија“, и спот во кој го заведува манекенот Филип Стојанов. Песната ја промовираше на Јутјуб, а коментарите се дека Кристина е „жешка и секси, особено сцената под тушот“. Песната Кристина ја направи со познатиот јутјубер Сплеш Бојан. Во разговор за „Репортер“, таа ни раскажа како се запознала со Бојан, додека чекале да извадат лекарско за возачка дозвола.

Кристина и Бојан

 

„Целата ситуација ми е многу забавна. Се запознавме случајно, додека двајцата вадевме лекарско за возачка дозвола. Тогаш сфатив колку е луд, веднаш почнавме да се дружиме и сега имаме песна на која сум горда. Тој снимаше видеа за Јутјуб и ТикТок, а ова е негова прва песна. Ми предложи да направивме дует и јас прифатив со задоволство“, ни рече Кристина.

Песната „Амнезија“ ја напиша Тракер, а видеото го сними „Ред централ продукција“.

Ова е трета песна на познатата манекенка.

Scroll to Top