Хармоникашот на групата „Мерак“, Марио Стојановски, во време на коронавирусот, им постави музички и здравствен предизвик на неколку свои колеги. „Време е за челинџ – мијте ги рацете, седете дома и до моите пријатели и колеги да ни отсвират и запеат, па 20 секунди да ги мијат рацете. И слушајте македонска музика“, напиша тој на „Фејсбук“. Пријателите ем го пофалија за идејата, ем му порачаа дека би бил добар водител на едукативна емисија.
(Видео) Марио од групата „Мерак“ со музички предизвик за колегите
