(Видео) Миле се врати со милионот, пансионот ојде стечај: објавена најавата за новата сезона на „Преспав“

Објавена е првата најава за хит-серијата „Преспав“ со мотото „Каков го оставивме, таков и го начекавме“. Сплетки, интриги, љубовни проблеми и по некој турист – екипата ја нaјави петтата  сезона на  „Преспав“. Кон средината на декември ќе почнaт да се прикажуваат новите епизоди. Во хит-серијата, во која повторно игра цела постава актери, се врати и актерот Владо Јовановски, кој прв го играше Миле Бузалевски. Потоа него го замени Игор Џамбазов. Како екипата го изведе сè ова со двајцата актери, во новата сезона што ќе се прикажува на МРТ 1. Актерката Наташа Петровиќ, која игра масерка, е новиот лик во пансионот.

Првата епизода од македонската серија се емитуваше пред четири години и по само неколку епизоди, стана хит. Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не може да избегаат. Ова, пак, е причина за многу конфликти и комични ситуации во кои ќе се препознае речиси секој.

Scroll to Top