Златко Јовановски ја отвори Модната недела во Грузија: Ревија на секси фустани за македонскиот дизајнер

By

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски ја отвори Модната недела во Грузија и пред публиката во Тбилиси ја промовираше новата колекција „З“. Оваа колекција ја направи наменски за Georgia Couture Fashion Week, а содржи 17 фустани во кои доминираат кристали, камења и монистра. Златко, кој за себе вели дека е Кралот на светкавото, на сцената и овој пат се појави со круна на главата, што ја дизајнираше самиот.

dobivaj vesti na viber

„На модниот настан бев повикан како специјален гостин, зашто организаторите знаеја дека ќе направам вистинско шоу. Условот беше да имам нови креации кои не се презентирани никаде претходно. Се трудев максимално да се посветам на креациите, но и на музиката,па направивме и моден краткометражен филм со Марина Трајковска за да добиеме едно комплетно модно шоу. Сепак, таму имаше дизајнери од Франција, Ерменија, Јордан, Молдавија, Казахстан, Србија и од Грузија, па сакав Македонија да ја покажам во најдобро светло. Според овациите по социјалните мрежи и коментарите на публиката присутна таму, мислам дека успеав во тоа“, вели дизајнерот познат како ЈЗЈ.

Златко вели дека организацијата била беспрекорна, со многу луѓе зад сцената кои одлично си ја завршиле работата.

„Ми дадоа тројца асистенти кои континуирано беа околу мене. Бев искрено зачуден колку сè поминуваше лесно. Имав време да го прошетам и градот, кој е спој на старото и новото. Со прекрасни градби, целиот планински распространет, со широки улици и многу малку семафори. Успеав да ја пробам и нивната традиционална кујна, прекрасна е“, додава Јовановски.

Тој ни откри дека колекцијата „З“ е инспирирана од огледалото.

„Јас кога ќе се видам во огледало, гледам една комплетна и совршена личност, на сè тоа додавам одблесоци од кристали, камења, монистра и се трудам секоја моја следна колекција да биде подобра од претходната, да биде повеќе саати везена и секогаш да има нешто ново“, вели тој.

Ќе ви се допадне