Андреа ја воодушеви италијанската ѕвезда Лаура Паусини: Имаш неверојатен глас

Италијанската ѕвезда и водителка на годинашниот Евросонг, Лаура Паусини, е воодушевена од пеењето на Андреа Коевска. Таа ѝ пришла на Андреа во зелената соба на вчерашното полуфинале, па го пофалила нејзиниот глас, откри Александра Јовановска од „Стисни плеј“, која е шефица на прес на Евросонг.

„Еден од најдобрите женски вокали и домаќин на Евровизија, Лаура Паусини, дојде во зелената соба и со комплименти за Андреа, па ѝ кажа: ‘Имаш неверојатен глас’. Ти благодариме за тоа. Бидете горди на Андреа и Македонија“, напиша Александра.

Македонија пееше вчера во второто полуфинале, а Андреа со песната Circles на Александар Масевски не влезе во финалето.

Утревечер, 14 мај од 21 часот почнува финалната вечер на Евросонг, а ќе настапат 25 земји.

Scroll to Top