Почина диџеј Ицко од Антена 5

Утрово, на 48 години почина Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко од Антена 5 радио. Популарниот диџеј почина од корона, открија неговите колеги. Тие од утринава објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од него.

Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе од 15 години. Пушташе хаус и прогресивна музика. Последните 10 години беше дел од популарното радио. Според многумина, тој беше одговорен за развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.

Диџеј Ицко беше оженет и татко на две деца.

Scroll to Top