Кураж од Берово за сите во карантин: И Љупчо Николовски избега од Скопје

Генералниот секретар на СДСМ, објави фотографија од Беровско езеро, каде престојува во време на 80-часовниот карантин во голем број општини. Тој уште па и се истакна на Инстаграм со „филозофска мисла“, нешто како оди напред, ама сигурно…И ова му дојде како кураж за сите што останаа дома. И секако дека навлече ревот кај граѓаните.

„Совет од другарка ми: Оди напред. Полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, напиша Николовски на Инстаграм.

На 4 јули, кога Владатаја објави рестриктивната мерка за движење во продолжениот викенд, Николовски преку својот профил на Фејсбук им порача на граѓаните:

„Секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

 

 

Scroll to Top