Според нумерологот Мими Силјановска-Главиновска, 07.07.2019 е одличен ден за венчавки. Годинава се паѓа во недела. Таа за Репортер објаснува дека Бројот 7 означува „совршена љубов“ и дека таквата љубов или брак подразбира меѓусбено почитување, без посесивност и љубомора.
„07.07 2019, кога ќе ги соберете сите броеви збирот (сведен до едноцифрен) Е = 8. Осум напишан водорамно Е = бесконечност. Еве и Галичката свадба почнува на 12.07.2019 година. Повторно седмица што има позитивно значење”, раскажува Мими.
Таа додава и дека бројот седум освен во љубовта има и вулканска енергија.
„Никогаш не се знае кога ќе избувне“, вели Мими и објаснува дека таков е примерот со силната ерупција на вулкан во Италија која се случи деновиве на островот Стромболи.
Мими објаснува дека бројот седум ја означува и големата вода.
„Бројот 7 напишан е број на совршеноста. Нумерологијата, јазикот на броевите, говори повеќе за броевите како симболи“ вели Мими и додава: „Мистериозен е бројот седум. Нумерологијата е и демистификација на симболиката. Останува вие да решите колку ќе верувате.