Адријан Гаџа со мајка си Сузана: роденденска журка за најважната жена во животот

Пејачот Адријан Гаџа со брат му, познатиот професор по виолина, Дритон ѝ го прославија роденденот на мајка им Сузана. Пејачот објави фотографи од роденденската забава и за Сузана рече дека е супер мајка. За неа рече дека е една од најважните жени во неговиот живот.

Совршено соработуваат и на приватно поле, но и кога станува збор за бизнис. Покрај пеењето, Адријан и Сузана имаат ресторан во Старата скопска чаршија. За потсетување, минатата година Адријан и Дритон на мајка си ѝ подарија џип.

„Еден подарок од твоите синови, мамо, заслужуваш многу повеќе од она што можеме да ти дадеме“, рече тогаш Гаџа.

Scroll to Top