Најдобрата македонска атлетичарка, Адријана Поп Арсова, постави нов државен рекорд на 10.000 метри. Таа својата најдобра трка досега ја истрча на првенството што се одржа вчера во Скопје. Андријана по трката се пожали дека чувствувала болки во ногата, но не сакала да се откаже.
„Поставив нов државен рекорд на 10.000 м (36:54) на денешното државно првенство, иако се соочував со бодеж во втората половина од трката. Нема откажување, нема изговори, идеме понатаму со повисоки цели! Честитки до клупските колеги кои одлично истрчаа“, напиша Поп Арсова на „Фејсбук“.
Пред две години, кога постави државен рекорд во маратон, Арсовска откри дека била во агонија пред да ја заврши трката. Тогаш во интервју за „Репортер“ рече дека во последните километри од трката веќе не си го чувствувала телото, но дека поради вербата во себе и публиката што ја бодрела, успеа да го истрча маратонот.
Андријана Поп-Арсова: Паднав во агонија на 12 километри пред целта