Адвокатот Тортевски ќе ги враќа К-15

Вчеравечер на социјалните мрежи познатиот адвокат Александар Тортевски објави фотографија од заедничката кафанска дружба со Тошо, Миле и Цацко, популраните ликови на К-15.

„Како општество многу им должиме на овие мои другари. Многу сум горд на пријателството со нив“, напишал Тортевски под фотографијата.

По ова следеа низа коментари од кои се гледа дека публиката навива за К-15 и сака повторно да бидат дел од јавната сцена кај нас.

„Дај бе натерај ги на една долгометражна комедија, со сите ликови што глумеле досега во К-15“ е еден од коментарите.

На ова, пак, адвокатот Тортевски вели:

„Не знаеш колку би сакал да можам да ги вратам на сцената“.

К-15 во кој играат Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров беа дел од македоснката сцена долги години и со специфичниот хумор ги засмејуваа граѓаните. К-15 веќе не се снима, а тие заминаа секој по свој пат. Миле Паника е дел од „Фчерашни новости “ на Телма, Цацко Конопишки отиде во политика, а Тошо Малерот од поодамна замина за Австрлија, но изминативе две недели е вратен во Скопје.

Scroll to Top