Аеродром и оваа година традиционално го организира предновогодишниот музички спектакл под мотото „Аеродром пулсира vol.3”! На 21 декември, со почеток во 18:30 часот, во трговскиот центар Џевахир Мол Скопје, ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и забава.
Вечерта ќе ја отворат Игор Џамбазов и Гуру Харе, чии хитови со години се дел од срцата на многу генерации. Потоа ќе настапи Тони Зен, ѕвездата на македонската рап музика, кој ќе ја исполни сцената со моќна енергија, по што младата публика ќе ја освојат Пајак и Лара, чии модерни хитови редовно ги освојуваат топ-листите.
Кулминацијата на вечерта ќе ја направи Каролина Гочева со нејзините незаборавни песни, кои ќе ги разнежнат срцата на сите присутни.