Аки ќе биде погребан во Загреб откако ќе се знае причината за смртта

Иако последните години живееше во Словенија со својата невенчана сопруга Барбара, Аки Рахимовски ќе биде погребан во Загреб.  Како што објави „Вечерњи“  погребот ќе биде кон крајот на следната неделата затоа што ситуацијата со коронавирусот дополнително ги комплицира работите. Официјалната причина за смртта на Аки ќе биде позната дури по обдукцијата

Аки пред неколку дена беше опериран и му биле вградени четири стента во една загрепска клиника. Сите околу него верувале дека ова е крајот на сериозните здравствени проблеми.

Тој се вратил во Словенија, кеде почина вчера во Ново Место.

Scroll to Top