Актерите од Драмски, Драган Спасов Дац и Јелена Жугиќ денес прославуваат јубилејни родендени

Актерите од Драмскиот Театар Скопје, Драган Спасов Дац и Јелена Жугиќ денес прославуваат роденден. Дац полни 60 години, додека Жугиќ 50.

На фан страницата на Фејсбук „Дац и Александар“ напишаа: „Денес на Дац му е роденден и заокружува 60.  Да ни е жив, здрав, среќен, насмеан и распеан“.

Додека кај Жугиќ фотографии со балони на кои е испишан бројот 50.

Жугиќ е македонска театарска, филмска и телевизиска актерка родена 1973 година во Скопје, позната и наградувана за голем број улоги, а во изминатиот период е позната по улогата во макеоднската серија „Бистра Вода“.

Дац е роден 1963 година, исто во Скопје. Освен по актерката кариера во изминатите години е познат и како дел од музичкото дуо со Александар Митевски познато како „Дац и Александар“.

Scroll to Top