Актерката Силвија Стојановска приведена за шверц на кокаин

Македонска актерка Силвија Стојановска, е приведена затоа што е вмешана со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија. Таа во моментов е однесена во Основниот кривичен суд во Скопје, каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка, по барање за одредување мерка притвор од Јавното обвинителство, пренесува А1.он.

Силвија Стојановска е ќерка на познатиот актер Ацо Јовановски и сопруга на починатиот актер Ненад Стојановски. Вработена е во Драмскиот театр, има играно во многу популарни претстави, како и во ТВ-серии и во филмови. Мајка е на двете познати актерки Ана и Јана Стојановски.

Силвија во моментов е актуелна со серијата „Фамилијата Марковски“.

 

Scroll to Top