Актерките Јелена Јовановa и Драгана Костадиновска бараат туѓи животни приказни

Режисерката Нела Витошевиќ повикува на споделување на приказните од публиката за реализација на новата претстава „Работи за кои не зборуваме“, која ја спрема заедно со театарот „Вондерленд“ (Wonderland).

Проектот го подржаа и нашите актерки Јелена Јованова – Периќ  и Драгана Костадиновска кои ги повикаа сите јавно да ја раскажат својата приказна.

Театарот „Wonderland“ започнува со подготовки на нова претстава „Работи за кои не зборуваме“, базирана на наши и ваши лични искуства кои сме ги потиснувале во себе и не сме имале храброст да ги споделиме.

„Вашите сведоштва и приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана. Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика“, вели режисерката Витошевиќ.

„Дали имате некоја приказна која ви тежи и ве прогонува, а сѐ уште не сте собрале храброст да ја раскажете?

Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот“, напишаа од театарот „Wonderland“.

​Преку претставата на Витошевиќ, тие велат дека сакаат да им дадат глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираат разговор и промена во општеството.

„Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена“, додадоа од „Wonderland“.

  

 

Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во Северна Македонија, со поддршка од Министерство за култура, во соработка со Македонски народен театар.

Секој кој сака да ја сподели својата приказна, тоа може да го направи на линкот овде.

Театарот „Wonderland” започнува со подготовки на нова претстава „Работи за кои не зборуваме“, базирана на лични искуства кои биле потиснувани.

„Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана. Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика. Преку претставата сакаме да им дадеме глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираме разговор и промена во општеството. Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена“, соопштија од театарот „Wonderland“.

Scroll to Top