Актерките од филмот „Немилосрдни намери“ кои се прославија со страсниот бакнеж од 90-тите до денес се најдобри другарки

Поминаа 24 години од снимањето на филмот „Немилосрдни намери“ (Cruel Intentions)  што во 90-тиите беше хит особено заради страсниот бакнеж помеѓу двете актерки Селма Блер  Сара Мишел Гелар . Во филмот глумеа ривалки, а денс  се најдобри другарки чие пријателство најмногу дојде до израз кога едната од нив се соочи со тешка болест.

Селма Блер (49) и Сара Мишел Гелар (44) денес се најдобри другарки. Тие во изминатите 24 години редовно се среќавале еднаш годишно со режисерот на филмот Роџер Камбл. Овие средби се оддржуваат на денот кога за првпат се сретнале на снимањето, а меѓу себе ги нарекуваат „Средби на тајната организација“.

Селма и Сара од заедничката соработка на филмот Cruel Intentions во 1999-та година па сѐ до денес се најдобри другарки. Сара во 2002-та година се омажи за Фреди Принц Џуниор и со него има две деца.

Селма во периодот од 2004 до 2006-та година беше во брак со музичарот Ахмет Запа, со кого го доби синот Артур.

Сара и Селма на барање на обожавателите во минатото повеќепати го повторија страсниот бакнеж од филмот по кој станаа познати.

Сандра Блер во минатото говореше и за тоа како Сара ѝ помогнала во 2018-та година кога ѝ била дијагностицирана мултипла склероза.

„Чудно е што во периодот што треба да биде најстресен за мене јас се чувствувам среќно. Мислам дека тоа е поради тоа што сфатив дека имам луѓе што ме поддржуваат. Гледам како луѓето ми посветија време и ми помогнаа. Пријателите застанаа до мене и тоа ми значеше многу“ – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Michelle (@sarahmgellar)

Scroll to Top