Актерот Висар Вишка повторно ќе стане татко, со партнерката очекуваат ќерка

Актерот Висар Вишка објави дека по втор пат ќе стане татко. Тој и неговата партнерката очекуваат ќерка,  а тоа го откри на Инстаграм каде што сподели интересна фотграфија на која пишува: Девојче е. Женска моќ.

Предходно, Висар Вишка беше 6 години во брак со  водителката Елена Митева.

„Не сме заедно. Но, тивко, без кревање врева, како што и го држевме приватниот живот само за нас. Бевме и ќе останеме одлични пријатели затоа што, сепак, имаме еден ангел. Неговата среќа и насмевка се најбитни за нас“, изјави тогаш  Висар Вишка за „Репортер“. Од бракот со Митева, тој го има осумгодишниот син Дион.

Scroll to Top