Алаѓозовски ги згмечи гумите

Поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, успешно се пробиваше со точакот низ скопскиот метеж, вчера попладне. Како национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Алаѓозоски автомобилот реши да го замени со велосипед, па додека стоеше на раскрсницата им го привлече вниманието на минувачите. Невозможно беше, а да не се насмее човек на коментарите на скопјани кои додека минуваше со точакот велеа „Аман, крупен минстров ќе го скрши точаков, ги згмечи гумите“.

 

Scroll to Top